Володимир Зеленски призна дека Украина е голем губитник поради една единствена причина !?

Украинската Армија во неделата соопшти дека ги турнала Русите „три до осум километри“ длабоко на левиот брег на реката Днепар, што го контролира Москва, како први податоци за проценка на напредокот по неколкумесечна разочарувачка контраофанзива.

Првите податоци укажуваат на напредок од три до осум километри, во зависност од спецификите на географијата и топографијата на левиот брег“, изјави портпаролката на украинската Армија, Наталија Гумењук за украинската државна телевизија. 

Доколку оваа информација биде потврдена, тоа ќе биде прв поголем напредок на украинската Армија против рускиот окупатор во последните неколку месеци.

Русија втора ноќ по ред врши неколку бранови напади со беспилотни летала врз Киев, соопшти градската воена управа, а пренесе BBC. Украинскиот командант Серхи Попко изјави дека системите за против-воздушна одбрана погодиле десет дронови во Киев и неговите предградија. Тој додаде дека нема извештаи за „критична штета“ и жртви.

Руската агресија против Украина продолжува, додека интересот на светот се префрли првенствено на Блискиот Исток. Тоа е последица и на стратешкото позиционирање на САД, задоволни затоа што и по повеќе од 20 месеци конфликтот не се прошири надвор од украинските граници, а веројатно и нема, особено по неуспехот на украинската летна офанзива.

Русија сега продолжува со тактиката на исцрпеност, сметајќи на зимата, која ќе ги забави воените активности, а потоа и на можна промена на политичките околности, пред се во САД, каде што го очекуваат враќањето на Доналд Трамп на власт. Републиканските пратеници кои го поддржуваат Доналд Трамп веќе го отежнуваат одобрувањето помош за Киев.

Војната меѓу Израел и Хамас доведе до забавување на испораката на гранати во Украина“, призна украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде: „На Блискиот Исток, што мислите дека почнаа да купуваат прво ? Гранати од 155 калибар. Нашите залихи се намалија“. 

Не е дека САД рекоа: нема да и дадеме ништо на Украина. Не! Имаме сериозни, многу силни односи“, вели Володимир Зеленски и додава: „Тоа е нормално, сите се борат да преживеат“, продолжи тој и нагласи: „Не велам дека тоа е нешто позитивно, но тоа е живот и ние мора да го браниме она што е наше“.

Володимир Зеленски

Тој исто така вели дека Русија складира проектили за напади врз украинската инфраструктура во зима. 

Мислам дека тие складираат проектили, но немаат многу повеќе проектили од порано. Во спротивно веќе би почнале да бомбардираат“, смета тој и додава: „Мислам дека сме подобро подготвени за зимата отколку порано“, нагласи тој, тврдејќи дека не мисли дека Русија ќе користи помалку оружје.

Во декември оваа година ќе има конференција на украинските и американските индустрии, владини претставници и други учесници – сите вклучени во одбранбената организација“, кажа Володимир Зеленски во петокот во обраќањето. 

Неколку европски производители на оружје, како што е Rheinmetall, веќе најавија дека ќе започнат со производство во Украина.

Во исто време, Киев ја продолжува борбата против проруските групи. Во порака до јавноста, во саботата вечерта, Володимир Зеленски кажа дека под санкции ставил 37 групи и 108 лица, меѓу кои и поранешниот премиер Микола Азаров и поранешниот министер за образование Дмитро Табачник.