Неколку улици во Скопје без вода за пиење

Поради дефект на ПП хидрант на улицата „Плачковица“ број 51, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица, како и од улиците „Гвадалахара“ и „Нов живот“, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Додека, поради уличен дефект на улицата „Димо Хаџи Димов“ број 101 во Кисела Вода, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санација на дефектите.