Володимир Зеленски се обиде да објасни зошто контраофанзивата на Украина напредува бавно, менувајќи ја темата: “Мостот на Крим мора да се неутрализира!“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на говорот на Безбедносниот форум во Аспен изјави дека мостот на Крим е легитимна цел за Украина и дека мора да се неутрализира.

Патот до Крим не е само пат за логистика. Тоа е пат кој се користи за набавка на оружје. И го милитаризира полуостровот Крим. Тоа е непријателски објект изграден без почитување на меѓународното право, па разбирливо е дека е воена цел. Секоја цел што носи војна мора да се неутрализира“, рекол Володимир Зеленски.

Тој исто така нагласил дека контраофанзивата напредува побавно од очекуваното бидејќи започнала подоцна од првично планираното.

Според Володимир Зеленски, Русија имала повеќе време да ја минира украинската територија и да изгради неколку одбранбени линии.