ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА САД – Џо Бајден назначи жена за командант на американската морнарица: “Таа покажа голема експертиза!“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, во петокот ја номинираше адмиралот Лиза Франчети за командант на морнарицата, потег што треба да ги елиминира родовите бариери во американската Армија, а Лиза Франчети треба да стане првата жена што ќе командува со морнарицата, како и член на Генералштабот на Армијата.

Одлуката на Џо Бајден беше ненадејна. Официјалните лица на Пентагон очекуваа тој да го номинира Самуел Папаро, кој командува со морнарицата во Пацификот и има искуство со растечките предизвици што им ги поставува Кина на САД, за таа функција.

Џо Бајден

Сепак, Лиза Франчети, актуелниот заменик-началник за поморски операции, била меѓу кандидатите за кои се верува дека се во трка за функцијата.

Во соопштението за медиумите, Џо Бајден истакнал дека Лиза Франчети има 38-годишно искуство.

Во текот на нејзината кариера, адмиралот Лиза Франчети покажа голема експертиза и на оперативната и на политичката сцена“, рекол Џо Бајден, додавајќи дека таа е само втората жена во историјата што го добила чинот адмирал со четири ѕвезди во американската морнарица.

Сепак, Лиза Франчети не е првата жена која раководи со гранка на американската Армија. Минатата година Џо Бајден ја номинираше адмиралот Линда Фаган за прва дама на американската крајбрежна стража.

Но, крајбрежната стража официјално не е дел од Министерството за одбрана, туку потпаѓа под Министерството за домашна безбедност. Затоа Лиза Франчети ќе стане првата жена што ќе раководи со гранка на Армијата под Министерството за одбрана на САД.