Володимир Зеленски со важен апел до лидерите на ЕУ: “Денес ве молам само едно, не дозволувајте Владимир Путин да резултира со насмевка на лицето…“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес ги повика лидерите на Европската унија да ги отворат преговорите за членство на Украина во тој блок и посочи дека резултатот од нивната одлука не смее да резултира со „задоволна насмевка“ на лицето рускиот модерен „цар“ – Владимир Путин.

Денес ве молам едно – не ги изневерувајте народот и неговата вера во Европа. Денеска е посебен ден и ќе остане во историјата. Без разлика дали е добро или лошо за нас, историјата ќе долови се. Секој збор, секој чекор, секоја акција и неактивност. Кој за што се бореше“, порача Володимир Зеленски за време на неговиот говор на Самитот на ЕУ, на кој учествуваше преку видео-врска, пренесува медиумската агенција Reuters.

Тој нагласи дека е многу важно Европа да не биде неодлучна и додаде дека Украина ги исполнила барањата на ЕУ за реформи за да добие одобрение за преговори за членство.

Пред 10 години во Украина луѓето застанаа под знамињата на Европската унија“, посочи Володимир Зеленски.

Тој нагласи дека рускиот претседател нема постигнато никакви придобивки оваа година, ниту на бојното поле во Украина, ниту во напорите да ги подели и ослабне Европејците.

Народот на Европа нема да има никаква корист ако Москва го добие нејзиниот негативен став кон Украина. Владимир Путин сигурно ќе го искористи тоа против вас лично и против цела Европа. Не му ја давајте оваа прва – и единствена – победа на година“, заклучи Володимир Зеленски.