Украина веќе измина долг пат кон својата цел, а тоа е да се приклучи на Европската унија, порача уверено претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во својата дневна порака до своите граѓани во вторникот.
„Украина ќе биде дел од Европската унија, а среда е голем ден на тој пат“, нагласи Володимир Зеленски, чија земја во моментов е кандидат за прием во Европската унија.
Кога го спомна „големиот ден“, Володимир Зеленски мислеше на оценката за состојбата на напредокот на неколку земји-кандидати, што ќе ја соопштат лидерите на Европската унија во среда. Во сегашниот статус на Украина се и Молдавија и Грузија.
„Веќе ги подготвуваме следните чекори на тој пат, а еден од нив е зајакнувањето на институциите“, порача украинскиот претседател, кој исто така се надева дека Европската унија ќе објави дека ги отвора пристапните преговори со Украина за пристапување во ЕУ.
Претходно Европската унија наведе седум главни критериуми кои мора да се исполнат за отворање на пристапните преговори, а акцентот беше ставен на намалувањето на корупцијата и реформите во судството. Во оваа смисла, Европската унија веќе соопшти дека Украина досега постигнала „голем напредок“.