Володимир Зеленски ја откри неговата неостварена желба: “Украина да добие политичка покана за членство во НАТО!“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека сака Украина да добие политичка покана за членство во Алијансата на самитот на НАТО во јули во Вилнус.
„Има многу причини за политичка покана до Украина да се приклучи на Северноатлантскиот сојуз“, напиша Володимир Зеленски во објава на социјалната мрежа Телеграм.
Претседателот на Украина побара и безбедносни гаранции од НАТО доколку неговата земја во блиска иднина не стане членка на Алијансата.
Медиумската агенција Reuters објави дека Володимир Зеленски рекол дека има „многу разбирање“ за обезбедување безбедносни гаранции за Украина додека не се приклучи на НАТО, но не наведе детали.
Но, тој сепак додаде дека разбира оти не е можно Украина да влезе во НАТО додека трае нејзината војна со Русија.