На Твитер се појавија снимки на кои се гледа штетата на мостот на Крим по инцидентот во текот на ноќта.
Како што објавивме претходно, брачен пар кој патувал со автомобил го загубил животот, а нивната ќерка е повредена во инцидент на мостот на Крим, соопшти гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков.
Тој објави дека семејството е од областа Новосколски во Белгород, која граничи со украинската област Харков, и им нареди на локалните власти да ги известат нивните роднини.
Животот на девојчето не е во опасност и таа е ставена под лекарски надзор, рече гувернерот.