Вонредно затворање на аеродромот поради облакот од вулканска пепел

Меѓународниот аеродром во Паданг, главниот град на провинцијата Западна Суматра во Индонезија, беше затворен поради пепел од вулканот Марапи, оддалечен 113 километри.

Шефот на управата на аеродромот, Меги Хелмиади, рече дека два меѓународни летови од Куала Лумпур се откажани, како и 13 домашни летови, и дека аеродромот ќе остане затворен до 22 часот по локално време или, во зависност од условите, подолго.

Најактивниот вулкан на Суматра ненадејно еруптираше на 3 декември, исфрлајќи облаци од пепел 3 километри во воздухот. Во таа прилика загинаа 23 лица, а неколкумина беа повредени. Оттогаш, вулканот Марапи, кој е познат по ненадејните ерупции кои е тешко да се предвидат, повремено исфрла помали облаци од пепел.

Марапи е на третото највисоко ниво на тревога во Индонезија од 2011 година, барајќи од жителите и посетителите да останат на 3 километри од врвот на вулканот. Индонезија, која е подложна на земјотреси поради локацијата на Пацифичкиот „Огнен прстен“, има повеќе од 120 активни вулкани.