Воспитувањето по методот на Марија Монтесори кај предучилишните деца (Фото)

Семејството е заедница во кое што едно дете расте се развива: когнитивно, социјално, физички, психолошки, се воспитува од страна на родителите, врсниците  и друго. Како таква заедница во семејниот живот постојат неколку животни циклуси: Почетно семејство: систем во кој што брачните партнери доаѓаат од семејствата од кои што потекнуваат со различни вредности, различни очекувања, систем во кој што постои адаптација на новонастанатите промени од типот на промена на живеалиште, потоа одвојување на семејството од поширокиот круг на членови и друго, Семејство со мало дете: тоа претставува проширен систем бидејќи почетното семејство се проширува со уште еден член,во овој систем веќе започнува процесот на воспитување од страна на родителите Семејство со предшколско дете: ова претставува систем во кој градинките и  игротеките стануваат дел од животот на  семејстватата. Детето веќе почнува да посетува градинка во која што го проширува своето знаење со нови вештини и способности.  Во тие институции децата учат како да сметаат со математички броеви, учат јазици (англиски или француски), но тие имаат готови дидактички материјали и играчки кои во себе содржат поголем број на хемиски суспстанци. Тие се поделени во приватни и државни градинки, а заедничкото е тоа што децата и во двата типа на градинки се поделени во групи во зависност од нивните наполнети години и бројот на деца.

Против хемиските сусптанци и готовите дидактички материјали била познатата Марија Монтесори. Марија Монтесори ги следела чекорите на своите колеги Фребел и Песталоци(добро познати педагози)  најмногу го следела Фребел бидејќи тој ја отворил првата градинка во која што тој ги употребувал  Фребеловите материјали кои биле изработени од дрво. По овие стапки се води и Марија Монтесори и таа создава свои материјали кои што се употребуваат во нејзиниот Монтесори метод таканаречени Монтесори Материјали кои биле поделени во неколку групи: Материјали  за практичен живот, Сензорни материјали, Академски и Културни и уметнички материјали. Со овие материјали децата учеле како да сметаат, како да шијат, како да читаат и пишуваат, потоа со сензорните материјали се усовршуваат сетилата за вкус, мирис допир и така натаму.

Овие материјали биле изработени од повеќе ситни дрвени делчиња кои што децата ги спојувале за да добијат целосен монтесори материјал. Со тоа децата своето целосно внимание и концентрација ги насочуваат кон монтесори материјалот и со тоа достигнуваат поларизација на вниманието. Ова целосно насочување на вниманието кон еден материјал кај децата уште повеќе ја досовршува имагинацијата потоа фантазијата, креативноста и моториката кај децата Ако направиме споредба со днешените предучилишни деца ќе разбереме дека тие добиваат готови дидактички материјали кои се  веќе споени. Истото се случува и во домашните услови каде што децата добиваат готови играчки кои се веќе склопени и неможат да се  реконструираат како материјалите на Монтесори. Често се случуваа таа играчка да се запостави од страна на детето бидејќи не му го одовлекува доволно вниманието и не ја употребува долг временски период туку напротив краток временски период се употребена од негова страна  и се насочува   кон барање на  нешто ново. Со ова тоа само ја задоволува потребата за игра а не ги развива своите моторни вештини и уште еден многу важен фактор е тоа дека  денеска  живееме во ера на современа технологија децата конзумираат и поголемиот дел од времето го поминуваат седејќи пред информатички технологии кои влијаат негативно врз здравјето на децата.  Овие два важни фактора кои се меѓусебно поврзани прават да предучилишните деца покасно да прозборат да проодат, покасно да почнат да држат молив во рака а со тоа и покасно да почнат да пишуваат и цртаат бидејќи моториката не им е доволно развиена. Бидејќи тие слушаат песни кои што имаат потекло од  англиски јазик често се случува да децата од оваа возраст кога ќе почнат да говорат тие говорат на пример на англиски јазик, а подоцна почнуваат да говорат на својот мајчин јазик. Ова е една од негативностите со кој се соочуваат денешните предучилишни деца бидејќи се употребуваат веќе готови производи.

            Во денешно време многу е лесно и едноставно на едно дете кое што е во предучилишна возраст да се даде таблет а една од најзначајните функции на едно семејство е добро да го воспита своето дете, а не се размислува на подоцнежните  последиците по здравјето и по развојот на едно дете со кои што ќе се соочи: проблеми со видот и носење на очила, константното седење пред таблет прави да се појават нарушувања на р’бетниот столб уште на мала возраст и ред други горенаведени работи.  Овие деца често се случува да бидат воспитани по пат на валута односно се што ќе посакаат можат да добијат и тие се навикнуваат на таков живот и од тука ако нешто не добијат почнуваат да плачат и посакуваното го добиваат плачејќи. Понатаму во текот на својот живот ваквиот тип на деца стануваат алчни, себични, не делат ништо со своите врсници, ги навредуваат тие што ги сметаат дека не се на нивно интелектуално ниво и друго. Како заклучок од горенаведените работи сметам дека во животот на децата во домашни услови треба да се воведат разноразни играчки  кои тие самите ќе можат да ги склопат се со една и единствена цел, а тоа е да ја развијат својата крупна и ситна моторика.