Војник на КФОР загина во несреќа кај Пеќ: Со хеликоптер бил пренесен во Приштина, набрзо им подлегнал на повредите – Уште еден повреден

– Денеска во 15:30 часот по локално време во сообраќајна несреќа загина војник на италијанската армија вработен во базата на КФОР во Нови Село додека се наоѓал во воено возило покрај патот што ги поврзува општините Пеќ и Клина. Војникот во критична состојба и онесвестен веднаш со хеликоптер бил пренесен во американската болница во Приштина, но тој починал – се вели во соопштението.

Понатаму се додава дека во возилото во несреќата имало и уште еден војник кој во свесна и стабилна состојба со возило на брза помош бил пренесен во кампот Вилаџо Италија, а потоа е испратен во воената болница во Камп Филм Сити на дополнителни контроли.

Командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ изрази сочувство.

– Изразувам искрено сочувство. Моите мисли се со семејството и пријателите на војникот кој загина во овие трагични околности. Посакуваме и се надеваме на брзо закрепнување на вториот ранет војник – се вели во соопштението.

Меѓународната воена полиција моментално ги истражува причините за несреќата со локалните и меѓународните власти, се додава.

Несреќата се случила во селото Љешане во општина Пеќ кога од засега непознати причини дошло до директен судир меѓу камион и возило на КФОР.