Руте: Русија нема да не запре

– „Русија нема да престане да ја напаѓа Украина“, напиша холандскиот премиер во оставка Марк Руте на социјалната мрежа „Х“, пренесе холандската агенција АНП. 

„Русија уште еднаш предизвикува многу цивилни жртви“, додаде Руте за ноќешниот голем руски напад со ракети и беспилотни летала врз повеќе локациии во Украина.

Украинските власти соопштија дека Русија употребила речиси 160 проектили и беспилотни летала, од кои украинските сили собориле 114. 

„Единствениот соодветен одговор на масовниот руски напад е поголема финансиска и воена поддршка за Украина за да може да се одбрани од оваа континуирана руска агресија“ додаде Руте во изразениот став на социјалната мрежа Х.