ВО АМЕРИКА КАКО ДА Е СУДЕН ДЕН, СЕРИЈА ТОРНАДА! На некои места КУЌИТЕ срамнети со земја: снимена страшна снимка (ВИДЕО)
Американските власти денеска ангажираа служби за итни случаи и спасување во руралните делови на Индијана и Охајо откако едно или повеќе торнада ја зафатија областа . Три лица загинаа, а десетици беа повредени. Торнадото на некои места срамни со земја неколку куќи .
„Имаме три жртви во Логан, Охајо. Најмалку едно торнадо помина низ таа област вчера околу 19:45 часот“, изјави шерифот Рандал Додс.
Во исто време, торнадо го зафати Винчестер, Индијана, пренесува CBS News.
„Има многу повредени, но не ја знам бројката. Не знам каде се“
“Има многу повредени луѓе, но не ја знам бројката. Не знам каде се. Не знам колку се сериозни повредите”, изјави Даглас Картер, началник на полицијата на државата Индијана, непосредно пред вчера на полноќ.
Во Кентаки, најмалку 50 објекти, вклучително и домови, беа оштетени за време на невремето. Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, објави дека има повредени и ги предупреди жителите на продолжување на невремето . „Добиваме извештаи за значителна штета, особено во градот Милтон“, рече тој.