Во април зголемени вкупните кредити и депозити

Вкупните кредити во април бележат раст од 6,8 проценти на годишно ниво, а вкупните депозити за 9,3 проценти. Зголемувањето и кај кредитите и кај депозитите се должи на зголеменото кредитирање и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, но поизразен е кај домаќинствата.

Според податоците на Народната банка, на месечно ниво вкупните кредити бележат зголемување од 1,2 проценти што се должи на повисоките кредити во двата сектора, но со поголем придонес на корпоративниот сектор, а раст има и кај депозитите од 1,3 проценти којшто се должи на зголемените депотизи кај домаќинствата.