Започнува реализацијата на инвестициите од 35 милиони денари на левата страна на Велес
-Она што го најавивме како најголема инвестиција во последните 15 години во патната инфраструктура на левата страна на Велес започна со реализација на терен на улицата “Јордан Џурнов” каде во тек се градежни зафати,информира градоначалникот Марко Колев.
Тој појасни дека во тек се постапки за избор на изведувач за улиците “Киро Рогужаров”, “Ѓорѓи Димитров”, “Ганчо Хаџи Панзов” и “Орце Шутев”, како и развојната програма за реконструкција на улиците “Петре Прличко”, “Кресненско востание” и “Нада Бутникошарова”.
-Продолжуваме посветено, зашто Велес е на сите нас.Инвестираме подеднакво во сите делови од градот и населените места во Општина Велес, потенцира Колев.