Во Велес паднати две бандери на различни локации, нема повредени

Камион денеска околу 10 часот додека се движел во Градскиот парк во Велес, ги закачил жиците од бандерата  и ги откорнал, заедно со бандерата. Нема повредени лица.

За случката службите на ЕВН ги известиле атлетичари и граѓани кои рекреираат на патеката во Градскиот парк. Екипи на ЕВН Велес брзо излегле на терен ја подигнале бандерата и ги поврзале повторно жиците. 

Велешките атлетичари и рекреативци  се  револтирани поради поминување на возила и камиони на патеката за трчање и рекреација во  Градскиот парк. Тие со години наназад   од локалната власт бараат  да се забрани секакво поминување на возила низ Градскиот парк,  а  полицијата да ги казнува несовесните кои им го реметат мирот и им ја загрозуваат безбедноста во паркот.

Втората бандера беше  падната денеска  околу 11.40 часот на улицата „Павел Шатев“ бр.44  во Велес, а нема повредени, информираат за МИА од Центарот за управување со кризи Велес.

Тие појаснуваат дека биле известени екипи на ЕВН кои работеле на отстранување на паднатата бандера и поврзување на електро мрежата.

Инаку оваа бандера била  падната на излезот од Новиот дел на градот над „Тунелот“ во близина на објектот на ЈКП„Дервен“.