Во Владата настан за европските перспективи и квалитетниот развој на ромската заедница во Северна Македонија
Во Владата денеска по повод Меѓународниот ден на Ромите ќе се одржи настан „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“.
Најавено е обраќање на премниерот Димитар Ковачевски, евроамбасадорот Дејвид Гир, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.