Милан на Спортинг ќе ја плати казната на Леао

 Милан се договори за нов договор со напаѓачот Рафаел Леао, објави новинарот Матео Морето на својата страница на Твитер.

Клубот од Милано е подготвен да плати и казна од 19 милиони евра на лисабонскиот Спортинг поради тоа што Португалецот во 2018 година еднострано го раскина договорот со клубот.

Дваесет и тригодишниот Леао во тековната сезона одигра 36 натпревари постигнувајќи 11 гола и 10 асистенции.

За Леао беше заинтересиран Реал Мадрид и трансферот беше на повидок, но Милан успеа во последен момент да го задржи во своите редови.