Поради дефект половина Ново Лисиче без вода, но и Автокоманда и Ѓорче Петров

Поради уличен дефект ф 100 мм на булевар „Видое Смилевски Бато“ бр.61, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од овој булевар од зграда бр.11 до зграда бр.89.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 13:45 часот до санирање на дефектот.

Дел од Автокоманда без вода

Без вода денеска од 11:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Александар Македонски“ и улица „Интернационални бригади“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „Интернационални бригади“.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Дел од општина Ѓорче Петров без вода

Без вода денеска од 10 часот се дел од жителите од скопските населби Даме Груев, Кисела Јабука, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Орман и Никиштани.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица со профил 400 милиметри на улица „Лука Геров“ 5/11.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.