Во водите на Вардар во Тетовско најдено безживотно тело на 52 одишник по кого се трагаше изминативе недели
По речиси три недели потрага денеска е најдено безживотното тело на 52 годишниот Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница.
По него се водеше потрага од 6 август, откако ноќта помеѓу 4 и 5 август излегол од дома и оттогаш не се вратил во Теново.
– Денеска 22 август во 15 часот во СВР Тетово пријавено е дека во водите на реката Вардар, во близина на месноста Бриони и старото фудбалско игралиште, закачено на дрво, било пронајдено безживотното тело на И.Р.(52) од тетовско Теново. Екипи од тетовската Територијална противпожарна единица и СВР Тетово попладнево го извлекле телото на брегот. Увидна екипа на СВР Тетово во координација со Јавен обвинител извршиле увид, а ќе се врши и обдукција, информираат од СВР Тетово.
Во потрагата учествуваа Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани