Во Грција едни цени за странците, други за Грците: На омилениот остров за Македонците на една жена првично и наплатиле 520 евра за вода и салата

Еве ги цените за странците и Грците во Грција, според неодамнешното видео.

Многумина го платија својот одмор во 2024 година, додека други се уште размислуваат за тоа. Кога станува збор за Македонците, Грција отсекогаш била прва во редот за избор на одмор, и поради близината и поради прекрасните плажи и острови што ги има. Цените годинава се зголемени , од патарини за Грција, до повисоки цени во хотелите и апартманите.

Покрај поскапувањата, најголема болка во џебот предизвикуваат цените на локалните продавачи. Кога ќе почувствуваат странци на плажа, тие едноставно „менуваат политика“, барем судејќи според неодамнешното видео со наслов „Цените на Миконос за странци и за Грци“, кое се појави на социјалната мрежа Инстаграм.

На грчкиот остров Миконос, кој важи за еден од најскапите, келнерите на плажа користат стар добар трик. Во видеото, една жена нарача вода со мраз и овошна салата на плажа. Згодниот келнер учтиво ја послужил, но кога таа го прашала за цената на англиски, следел вистински шок.

За шише вода и минијатурна овошна салата, Гркот рече дека чини 520 евра. Изнервираната жена веднаш проговорила на грчки и прашала: „Толку?“ Келнерот збунет го прашал дали е од Грција, на што добил потврден одговор. Веднаш потоа ја „сменил плочата“ и на жената услугата и наплатил 20 евра.