ВО ГРЦИЈА ФАТЕН БЕГАЛЕЦ ОД ИНТЕРПОЛ: Драма на граничниот премин, Србин се обидел да побегне во Турција, на лице место му биле ставени лисици на рацете
На граничниот премин Еврос уапсен е српски државјанин по кој Србија распиша меѓународна потерница.
Според грчките медиуми, тој бил врзан со лисици во понеделникот наутро.
- Службениците на Одделението за пасошка контрола при полициската управа Александруполи, при увид утврдиле дека се работи за лице по кое Србија има распишано меѓународна потерница, поради распишана потерница по него за кривично дело недозволена трговија со оружје и муниција – соопшти грчката полиција.
Според информациите, осомничениот, кој веднаш бил врзан со лисици, се обидел да ја напушти Грција и да премине во Турција.
– Уапсениот ќе биде изведен во обвинителството во Александрополи – објавија грчките медиуми, не откривајќи го идентитетот на српскиот државјанин.