Во грчките села погодени од поплавите, лекови и храна се доставуваат со дронови

– Во селата во Грција до кои сè уште не може да се дојде по копно по разорните поплави, лекови и храна се доставуваат со дронови.

Грција во септември двапати се соочи со две разорни поплави кои погодија многу места.

Како што наведува грчката државна новинска агенција АМНА, сè уште не е можен превозот до одредени села во регионот Музаки во близина на Трикала, една од провинциите што е најмногу погодена во поплавите.

Општина Димос во соработка со тимот на Цивилната заштита со помош на дронови ги достави потребните лекови и храна до непристапните села.

Свлечиштата предизвикани од поплавите предизвикаа затворање на многу селски патишта.

Грчкиот регион Тесалија на крајот на септември по втор пат за еден месец беше зафатен од поплави. На подрачјето на Тесалија поплавени се куќи, фирми, земјоделско земјиште и патишта, особено во Волос, Пили, Лариса и Фарсала.

Многу патишта се затворени за сообраќај поради свлечиштата. Поради обилните врнежи од дожд голем дел од Волос остана без струја. Повторно беше поплавена и болницата во Волос, а граѓаните беа предупредени да не излегуваат од домовите.

Најмалку 17 лица загинаа во катастрофалните поплави што на почетокот на истиот месец го зафатија регионот на Тесалија.

Тогаш беа поплавени повеќе од 750.000 хектари земјиште, и беа предизвикани сериозни штети на населените места, земјоделските површини и инфраструктурата во регионот.