Вечева на барање на Основното Јавно Обвинителство во Скопје, од страна на припадници на МВР беше извршен повеќечасовен претрес во домот на Марјан Стаменковски кој во јавноста е познат како сопственик и уредник ( како што пишуваат медиумите ) на порталот ДоказМ. Претресот трае(ше) повеќе часови и како што може неофицијално да се дознае целата постапка е покрената по пријави на граѓани до ОЈО од Скопје.
Како што неофицијално може да се дознае во станот на Стаменковски во скопската населба Влае биле пронајдени поголемо количество евра ( се шпекулира дека се работи за сума од околу сто илјади евра )!?
Иако се тоа се уште непотврдени информации, од избори блиски на истрагата може да се дознае дека се работи за средства од една пелагониска банка која стопанисува во Скопје, а како “пријатели” на порталот се јавуваат познат бизнисмен од Скопје ( од таму и присуството на од него дефинираните дагау новинари кои сега објавуваат текстови за газење на новинарските права во Македонија и создаваат хистерија за медиумски мрак ), како и поранешен висок функционионер на тајната полиција и двајцата познати дека минатата година биле “спонзори” на охридско-струшкиот затворски туризам.
Инаку, целата постапка почнала по пријава на повеќе граѓани за објавени текстови со наводна ксенофобична и слична содржина, но тоа сепак треба да се докаже во истрагата и во судската постапка.
На Стаменковски, како што се шпекулира, ми биле одземени мобилниот или мобилните телефони, како и неговиот лаптоп кои како што може да се слушне ќе бидат предмет на вештачење.
До нашиот портал “свиркачи” доставија некои фотографии кои наводно ги покажуваат средствата кој се најдени во домот на новинарот, но во овој момент не можеме со стопроцентна сигурност да ја потврдиме автентичноста на тие фотографии.
За сите дополнителни информации ќе ве информираме во текот на вечерта или во текот на утрешниот ден.