Во Европа има се поповолни услови за ширење на комарци кои пренесуваат опасни болести, предупреди Европскиот центар за превенција и контрола на болести
Со тендот на затоплување, сè почестите и сериозни топлотни бранови и поплави во Европа и се подолгите и потопли лета, условите за ширење на инвазивни видови комарци кои носат болести се сè поповолни, предупреди денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Видот на комарци Aedes albopictus, познат преносител на вирусите чикунгуња и денга, се етаблира понатаму на север и запад во Европа, истакнува Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Комарецот Aedes aegypti, за кој е познато дека ги пренесува вирусите на денга, жолта треска, чикунгуња, зика и вирусот западен Нил, се одомаќини на Кипар од 2022 година и може да продолжи да се шири во други европски земји.
Европа се соочува со тренд на затоплување каде топлотните бранови и поплавите се се почести и посериозни, а летата стануваат подолги и пожешки, создавајќи поповолни услови за инвазивните видови комарци, како што се Aedes albopictus и Aedes aegypti.