Во Европа одекнуваат зборовите на лидерот на Унгарија: Во тек е формирање …

На хегемонијата на западните земји и дојде крајот и сега е во тек формирање на нов светски поредок, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

-Хегемонијата на Западот заврши, тоа денес никој не го оспорува, има податоци кои го потврдуваат тоа. Се формира нов светски поредок, ситуацијата мора постојано да се оценува и анализира –  изјави Орбан, а пренесува агенцијата МТИ.

Тој истакна дека многумина се обидуваат да го поделат светот на геополитички блокови и дека, во исто време, земјите како Унгарија, кои го бранат својот суверенитет, се под голем притисок.

– Членството во блокот го ограничува просторот за маневрирање, така што, иако Унгарија е заинтересирана за членство во Европската унија и НАТО, поделбата на блокови не е во нејзин интерес. Затоа, ќе го зајакнеме сојузот со другите земји кои го бранат суверенитетот – додаде Орбан.

Унгарскиот премиер вчера изјави дека Будимпешта ќе работи и на зајакнување на соработката со Москва.

Тој изјави дека во Украина „се води прокси војна меѓу Западот и Русија и сосема е јасно дека Западот не може да победи во таа војна“.

– Не треба да зборуваме за војната меѓу Русија и Украина, бидејќи тоа е прокси војна, а сите знаат дека главните сили на Украина не ги обезбедува Украина, туку оние кои стојат зад неа –  рече Орбан.