ВО ЕДЕН Е РОДЕН, А ЗАГИНАЛ ВО ДРУГ РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС , младиот Осман со телото го штител неговиот помал брат па останал затрупан (ФОТО)
Три недели по земјотресот кој уништи повеќе од десет провинции во Турција и соседна Сирија, спасувачките операции се прекинати, а не се знае уште колку луѓе се затрупани под урнатините.
Секојдневно од Турција пристигнуваат трагични приказни за семејствата кои ги загубија своите најблиски на 6 февруари, а меѓу нив е и приказната за трагедијата на младиот Осман Енес. Имено, Осман светот го видел како последица на еден разорен земјотрес, а во друг ги затворил очите.
Осман Енес Баштурк е роден на 17 август 1999 година, кога Турција ја погоди разурнувачки земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, кој однесе повеќе од 18.000 животи, а загина во земјотрес со јачина од 7,7 степени кој речиси до земја го срамни градот пред зори на 6 февруари.
Семејството Баштурк се преселило од Газиантеп во Нурдага три дена пред најголемата природна катастрофа во последните 100 години. Разорниот земјотрес ги затекнал Осман и неговото семејство во нов дом.
Таткото Мехмет, мајката Асја и братот Емирхан биле со Осман во куќата во моментот кога се почнало да се руши. Младиот Осман почина додека го штитеше својот помал брат со своето тело.
Спасувачите по неколкучасовна акција успеале да ги извлечат Мехмет, Асја и Емирхан од урнатините, но за Осман немало спас.
„Таа ноќ се случи катастрофа. Како да се отвори пеколот пред нас. Станав на молитва во 3:05 часот, а потоа повторно заспав. Токму кога заспав, се случи земјотресот и зградата почна да се тресе, снема струја и во следниот момент се почна да пропаѓа, останавме закопани“, вели неутешниот татко Мехмет.
„Ги слушнав гласот на мојата сопруга и помалиот син. Копавме и копавме. По околу 6 часа успеавме да ја извлечеме Асја, а мојот мал син по осум или девет часа“, вели Мехмет.
Таткото на младиот Осман се уште не може да поверува дека еден разорен земјотрес му го донел синот, а друг земјотрес му го однел.
„Мојот син се роди утрото на 17 август 1999 година, кога имаше земјотрес, а почина сега, во овој земјотрес. Болката што ја чувствувам е неопислива. Господ да му даде место на рајот. Бог ни го даде пред 23 години“, вели таткото.
„Тој го стави своето тело на линија за да го заштити брат му, за да не се повреди брат му“, вели Мехмет.
Семејството остана без Осман и без покрив над главата.
„Сега живееме во шатор во селото. Бевме во болница околу 12 дена, а потоа се преселивме во шатор. Сè уште не стигнала помош. Живееме од она што го имаме. Го изгубив син ми во оваа катастрофа Веќе немам куќа, бараме од надлежните да ни помогнат, бидејќи не знаеме каде да одиме, не знаеме како да преживееме“, вели Мехмет.
Мајката на Асија едвај може да зборува поради нејзината тага.
“Она што го поминавме не можам да го опишам. Го доживеавме крајот на светот. Се вселивме во таа куќа пред три дена. Не сме го виделе ниту третото утро во неа. Сега треба да го закопаме нашиот син”, вели неутешната мајка.
Таа вели дека сите биле во една соба кога куќата почнала да се урива.
“Имав изгубена свест. Син ми ме разбуди, ме викаше и ме праша како сум. Му реков дека сум добро. Го прашав како е, како е неговиот брат. Ми рече: “Бате не зборува , раката му е ладна како мраз”. Постариот син го заштити брат му со телото, не можеше да се заштити себеси. Мојот Осман се роди утрото кога имаше разорен земјотрес, утрото загина во разорен земјотрес. Ние изгубивме се“, вели Асја.