Во екот на бројните проблеми и разводи, актерката повторно заљубена: „Оваа количина љубов ја почувствував дури на 55 години“
Актерката Алис Еванс откри дека е „повторно вљубена“ само четири недели откако го финализираше разводот со поранешниот сопруг, актерот Јоан Грифит.
Во објава на Инстаграм, актерката сподели компилација од фотографии со нејзините ќерки Ела (13) и Елси (9) додека го прославуваа нејзиниот 55-ти роденден.
„Убаво си поминавме! Инстаграм нема да ми дозволи да ги ставам сите фотографии одеднаш. (мудро, веројатно!)“, напиша таа на објавата, давајќи до знаење дека продолжила понатаму по разводот.
„Во моментов сум заљубена и не ми се верува дека почувствував толкава љубов на 55 години“, откри таа, но не го именуваше лицето кое ја натерало повторно да верува во љубов.
Да потсетиме, Елис и Џоан Грифит ги поднесоа документите за развод пред две години, а дури годинава беше финализиран. На нивната љубов и дојде крајот по 13 години брак.