Луѓето кои останаа во градот по катстрофалните земјотресите и чии куќи се оштетени и не се повеќе за живеење, се обидуваат да продолжат со своите животи во шаторските населби.
По земјотресите со епицентар во турската обаст Кахраманмараш, во подрачјето на градот Елбистан на терен работат 4.500 лица со 895 возила за да го вратат животот во нормала.
По завршувањето на операциите за пребарување и спасување во подрачјето на Елбистан, каде беше епицентарот на вториот од земјотресите кои беа опишани како „катастрофа на векот“, почна да се отстрануваат остатоците од уништените згради со градежната машинерија на градските општини Трабзон и Самсун.
Луѓето кои останаа во градот по катстрофалните земјотресите и чии куќи се оштетени и не се повеќе за живеење, се обидуваат да продолжат со своите животи во шаторските населби.
Озгур Башар, директор за координација на Центарот за управување со кризи во Елбистан изјави дека нема проблеми ниту во централното подрачје и ниту во руралните населби поради систематското спроведување на активностите за помош.
Зборувајќи дека помошта што пристигнала во регионот е сместена во 18 магацини, а стапката на зафатеност на магацините е околу 80 проценти, Башар рече: „Од првиот момент кога пристигна помошта, таа е доставувана до сите села и населби. Во моментов, 4.500 лица со 895 возила делуваат во подрачјето. Воспоставени се системи за вода и природен гас. Дојдовме до 95 проценти од услугите за природен гас, електрична енергија и вода“, рече тој.
Башар рече дека во подрачјето услуги пружаат 6 мобилни и едно сателитско комуникациско возило.
На луѓето од регионот им се дава психосоцијална поддршка
Нагласувајќи дека 18 тимови назначени од турското Министерство за семејство и социјална политика работат особено во областите на шаторските населби, Башар рече: „Досега на 8.500 жртви од катастрофата им е обезбедена психосоцијална поддршка. Во нашата шаторска населба е формирана детска градинка. Неопходна рехабилитација е обезбедена и за децата во градинките“, рече тој.
Информирајќои дека по земјотресот во градската болница се пријавиле 3.350 лица, од кои 445 лица се земени под лекарски третман, Башар продолжи со зборовите:
„Во земјотресот во Елбистан животот го загубија 924 лица. Завршена е и погребната процедура на сите 924 лица. Се лекуваат 71 лице, а од болница се отпуштени 167 лица. Во поставените 2.817 шатори престојуваат 7.830 лица. 37 народни кујни делуваат во поддрачјето“.
Башар додаде дека по земјотресот од Елбистан се евакуирани 19.574 лица.
TRT Balkan