ВО ЖИВО: Заврши првиот дел од трилатералот разговор помеѓу Вучиќ, Курти и европските преставници

Во Охрид во моментот се одржува средба на еврокомесарот за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, и специјалниот претставник на Европската унија за дијалог помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.

Во текот на целиот ден агендата е полна, се одржаа досега повеќе среби помеѓу присутните а во моментот заврши првиот дел од директната среба помеѓу Александар Вучиќ и Албин Курти заедно со високите преставници на Европската унија.

Првиот дел од трилатералот разговор заврши по нешто повеќе од еден час.

Денешните разговори се очекува да завршат со некаков исход односно решение за отворените прашања помеѓу Белград и Приштина.

По разговорите се очекуваат одвоени обраќања на претседателот на Србија, Вучиќ и премиерот на Косово, Курти, а предвидено е и Борел да одржи и медиумска прес-конференција.