АД ЕСМ вчера произведe 20 516 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
Како што соопшти владината прес-служба, според податоците преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 11 февруари 2023, во термоелектраните се произведени 15 806 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци се произведени се 4710 мегават часови електрична енергија.