„Во името на Бог, сопрете го ова!“ Потресна порака на палестинските деца до Владимир Путин (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео со порака од палестинските деца до рускиот претседател Владимир Путин да ги спаси од смртта и уништувањето што ги трпат во Појасот Газа од рацете на Израел.

– Почитуван претседателе Владимир Владимирович, ние, децата на Газа, од нашите уништени домови, од самото срце на нашата сакана Газа, каде што се води војна против беспомошниот палестински народ, ве молиме, во името на Бога, престанете со оваа крвава и расистичка војна против нас, на народот на Палестина. Сите нè напуштија, и блиски и далечни. Во моментот на судот ќе бидат сослушани сите кои тргуваа со крвта на палестинските деца – стои во пораката на палестинските деца до Владимир Путин.

Да потсетиме, од 7 октомври досега, според палестинското Министерство за здравство, во израелските напади врз Појасот Газа се убиени 8.306 Палестинци, меѓу кои 3.457 деца.