– Дритан Реџепи, водач на наркокартелот Компанио Бело, кој се бараше со црвена потерница, е уапсен во рација на турската полиција во Истанбул, соопшти денес турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја.
Реџепи го бараа властите во Италија и во за обвиненија за „убиство со умисла, трговија со дрога, киднапирање, незаконско лишување од слобода, фалсификување патни исправи и (нелегално) обезбедување оружје и муниција“, соопшти Јерликаја преку платформата Х.
Реџепи беше ставен под меѓународен надзор од безбедносните служби, а влезе во Турција преку аеродромот „Истанбул“ со колумбиски пасош со лажно име Бенџамин Омар Перез Гарсија.
Водачот на картелот е пронајден благодарение на размената на разузнавачки информации со италијанската полиција, а потоа е уапсен во операција во подрачјето на Бејликдузу во Истанбул.
Познато е дека мрежата Компанио Бело е голем играч во шверцот на дрога од Јужна Америка во Европа.
Откако ја презеде функцијата овој јуни, министерот Јерликаја го потенцира посилното дејствување во борбата против организираниот криминал во Турција.