Во Кавадарци Фестивал на вино и вински туризам 

Фестивал на вино и вински туризам „Тиквешија 2023″ се реализира денеска во Кавадарци, во организација на Здружението ,,Винотек”, кое се залага за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје. 

– Со бројни активности како дегустација на вина, базар, храна, забава и музички хепенинг, ја продолжуваме традицијата на славење на младото вино, со цел да се види потенцијалот на виното произведено од грозјето од годинешнава реколта, рекоа организаторите на настанот. 

 – Целта е да се поттикнат лозарите самите да произведуваат вино и со тоа да допринесат за конкуренција и постигнување на поголема цена за килограм грозје. Од друга страна, имаме такви производители на грозје кои веќе се добри мајстори на вино, па би сакале во иднина таа своја умешност да ја претворат во мали семејни бизниси, нагласија од „Винотек”. 

Љубителите на производи од грозје, уживаат во дегустација на вина и други производи од грозје.