Во Колумбија пронајдени 2,6 тони кокаин: Се криел во пакувања со банани, се споменува балканскиот картел
Се вели дека е пронајдена дрога со „висока чистота“.
Колумбиската полиција спроведе две операции против шверц на дрога во пристаништето Санта Марта во кои беа запленети 2.600 килограми кокаин со “висока чистота”. Порталот El Tiempo наведува дека е можно дрогата да била наменета за балканскиот картел, пренесува РТС .
Според полициски извори, првата заплена била извршена при проверка на товарни контејнери лоцирани во пристаништето Санта Марта.
На лице место бил прегледан контејнер за кој било пријавено дека е товар со банани кој требало да биде пренесен во Холандија .
Меѓутоа, утврдено е дека товарот содржи кокаин тежок 2.397 килограми.
Втората операција е извршена во пристаништето преку проверка на товар со банани, кој како крајна дестинација го имал пристаништето Антверпен во Белгија. Во таа акција запленети се 196 килограми кокаин.
Според порталот, не е исклучено кокаинот да бил наменет за дилери на дрога од таканаречениот балкански картел.