Во луксузен ресторан немало место за Кристијано Роналдо и неговата сакана: Реакцијата на Португалецот ги шокирало сите, а никој од гостите не сакал да стане кога го виделе!
За Кристијано Роналдо постои заедничко мислење дека е вообразен и егоцентричен.
Сепак, одвреме-навреме се појавуваат сведоштва кои велат дека Кристијано Роналдо не е баш онаков каков што најчесто се мисли дека е.
Во прилог на тоа говори настан од ресторан во Торино. Додека играше во Јувентус, Кристијано Роналдо пристигнал во ресторан каде што имал резервирано со својата избраничка Џеорџина Родригез. Бидејќи стигнале рано и немало слободна маса, морале да почекаат малку.
Иако на многумина им е тешко да поверуваат дека ѕвезда како Кристијано Роналдо може тивко да чека во аголот, токму тоа се случило во оваа прилика. Застанал во еден агол и без мрморење чекал да се ослободи масата.
„Муштериите останаа без зборови. Никој не зборуваше. И згора на тоа, никој не сакаше да замине. Беа фасцинирани од Кристијано Роналдо. Го замолив да седне на масата за итни случаи, но како одминуваше времето никој од ресторанот не стана и не си замина“, изјавил за TutoSport вработен во ресторанот „Дејвид Фиоре“.
Самиот ресторан „Дејвид Фиоре“ открива повеќе детали.
„Кристијано Роналдо не правеше никакви гестикулации. Ниту Џорџина, ниту неговиот син. Сфатив дека Кристијано Роналдо и покрај тоа што е светска ѕвезда и најдобар фудбалер на светот, пред се е пристоен тип. Ве уверувам, сум видел луѓе многу помалку познати од него како си заминуваат по пет минути, многу арогантно, во слични ситуации. За таа маса чекаше околу 40 минути“, изјавил менаџерот на ресторанот.