Во Маврово повторно се појавија мечки кои предизвикуваат страв кај граѓаните

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов повторно објави видео со мечки. Видеото е направено на патот Маврово – Дeбар.

„Синоќа за малку ќе настрадаа мечка и две младенчиња додека се движеа по главниот пат од Маврови Анови кон Дeбар.

„Работите изгледаат поинаку кога се гледаат од безбедноста на нашиот мобилен телефон. Блиските средби изгледаат сосема поинаку. Така барем тврдат жителите на овие села и немам причина да не се согласувам со нив“, напиша Ангелов под видеото .

Вчера Ангеллов објави и видео со мечки кое беше прикажано во село Жировница.