Џафери: Распитот на Јовески ќе биде ставен на дневен ред на првата пленарна седница

Во новата прва пленарна седница на дневен ред ќе биде и распитот на јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој го поднесоа пратениците на Беса, Демократско движење и Алтернатива.

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопштуваат дека одговорот на Јовески до Собранието пристигнал по пошта во предвидениот рок и вчера бил дистрибуиран до пратениците и интерпелацијата ќе се најде на дневен ред на следната седница.

Пратениците на опозициските партии на Албанците, кои вчера ја поднесоа интерпелацијата, изразија сомнеж дека Јовески имал улога во насочувањето на судскиот процес што се одвиваше во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Јовески, пак, со најголема одговорност во дописот наведува дека никогаш, во ниту еден момент во текот на постапката за овој случај немало обид за влијание и притисок.