Магнезиумот е еден од најважните минерали: Еве која храна содржи најмногу

Недостатокот на овој минерал може да доведе до бројни проблеми.

Многу истражувања покажуваат дека магнезиумот е еден од најважните минерали потребни на човечкото тело за нормално функционирање. Исто така, познато е дека недостатокот на магнезиум може да доведе до несакани последици и проблеми со нашето здравје. Затоа, не е чудно зошто повеќето нутриционисти ја нагласуваат важноста од конзумирање на храна која содржи големи количини на овој важен минерал.

Но, која храна содржи најмногу магнезиум? Иако повеќето здрава храна го имаат овој есенцијален минерал, постојат намирници кои повеќето експерти ги посочуваат како задолжителни доколку се трудиме да внесеме што повеќе магнезиум во организмот. Овие намирници се како што следува:

 зелен лиснат зеленчук
– ореви
– ленено семе
– чиа семе
– какао
– мешунки
– тофу
– авокадо
– масна риба како лосос
– банани

Според WebMD, препорачаната дневна доза на магнезиум за возрасни е од 320 до 420 милиграми, а експертите нагласуваат дека мажите треба да консумираат малку повеќе магнезиум од жените.