„Електричните автомобили се куп глупости наметнати од Брисел“

Италијанскиот министер за транспорт и вицепремиер Матео Салвини денеска ги нарече електричните автомобили „куп глупости наметнати од Брисел“.

Салвини на саемот за железници „Експо Феровијарија“ рече дека „возовите и железницата носат одржливост и вистинска еколошка транзиција, а не глупости за електричните автомобили за секого и по секоја цена, кои се само огромен подарок за Кина“, пренесува Анса .

Им благодарам на сите што работат во железничкиот сектор и кои се вистински поддржувачи на еколошката транзиција и кои не оставаат илјадници работници без работа“, рече Салвини.

Италија уште во февруари го изрази своето противење на европските планови за забрана на продажба на нови бензински и дизел автомобили на 12 години, а Салвини планираната брза транзиција кон електрични возила ја нарече „самоубиство“ и „подарок“ за кинеската индустрија, пренесува Танјуг .

На почетокот на годината, Европскиот парламент ги изгласа правилата со кои се бара од производителите на автомобили целосно да ги елиминираат емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од новите автомобили до 2035 година, што последователно ќе ја оневозможи продажбата на нови автомобили што работат на фосилни горива.