ФОТО | Леонардо ди Каприо го украде шоуто во Кан! Еве зошто сите очи беа вперени во познатиот шармер

Црвениот тепих на 76. Кански филмски фестивал ги собра најпознатите светски имиња.

Леонардо ди Каприо имаше голема причина да присуствува на овој престижен настан. Тој се појави на премиерата на неговиот нов филм „Killers of the Flower Moon“, а според изгледот може да се каже дека актерот не се менува и покрај тоа што годините се зголемуваат.

Леонардо ди Каприо
Леонардо ди Каприо

Леонардо ди Каприо (48 г.), кој неодамна го поврзуваа со манекенката Џиџи Хадид (27 г.), се истакна во потемно одело со машна и уредно исчешлана коса.