Уште една мистериозна смрт на висок функционер од Русија – ја критикувал војната во Украина па ‘ненадејно’ починал во авион !?

Заменик-министерот за наука на Русија, Пјотр Кучеренко почина неколку месеци откако се појавија информации дека тој ја критикувал инвазијата на Украина во приватни разговори.

На Пјотр Кучеренко (46 г.) му се слошило во саботата додека се враќал од Куба, соопшти во неделата Министерството за наука на Русија. Летот принудно слетал во јужна Русија, но докторите не успеале да го спасат службеникот.

Семејството на Пјотр Кучеренко ја поврза неговата смрт со срцеви заболувања, но одби да даде детали во очекување на вештачењето, објавија руските медиуми.

Роман Супер, наградуван независен новинар и режисер на документарни филмови, вели дека разговарал со Пјотр Кучеренко во кабинетот на министерот „неколку дена“ пред новинарот да ја напушти Русија по инвазијата на Украина минатата година, пишува Moscow Times.

Двајцата, наводно, разговарале за плановите за преселување на Роман Супер, неможноста на Пјотр Кучеренко да ја напушти Русија и неговото противење на инвазијата на Москва.

Невозможно е да ја напуштам Русија, ни ги одземаат пасошите. Никој во светот не би бил среќен да види руски заменик министер по оваа фашистичка инвазија“, се сеќава Роман Супер.

Според неговата изјава, Пјотр Кучеренко тврдел дека „земал антидепресиви и лекови за смирување истовремено“.

Тоа навистина не помага. Не спијам многу. Се чувствувам ужасно. Сите сме заложници. Никој не може да ѕирне. Не можете да го замислите степенот на брутализација на нашата земја. Никој нема да ја признае Русија“, изјавил тогаш рускиот функционер.

Пјотр Кучеренко исто така неодамна го оставила сопругата, поп-пејачката Дијана Гурцкаја и нивниот син тинејџер.