Актерката Џенифер Лоренс неодамна присуствуваше на 35-тото доделување на наградите GLAAD во Њујорк.
Убавата 33-годишна актерка одамна не сме ја виделе на црвениот тепих, а сега, најблаго кажано, ги зафати сите присутни со својата навидум обична комбинација.
Како што можете да видите, Џенифер за оваа пригода облекла едноставен црн фустан со длабок шлиц на бутот, што го направила нејзиното издание малку предизвикувачко.
Сепак, актерката не ја премина границата на вулгарното, туку само малку ја скокотка фантазијата на љубопитните посетители на споменатиот настан.
Кога станува збор за нејзината фризура, убавата русокоса не отстапи од вообичаениот начин на стилизирање на косата, а овој пат избра бранови.
Целото издание го заврши со намалена шминка во „голи“ тонови и сребрени обетки.
Дека нејзиниот изглед воодушеви многу корисници на социјалните мрежи сведочат и позитивните коментари кои се појавија на истите мрежи.
„Изгледа прекрасно и облечено, за разлика од многу познати личности кои парадираа полуголи последните денови“, „Убава како и секогаш“, „Отсекогаш била грациозна“, се само неколку…