Во напад со нож во трговски центар во Сиднеј загинаа 5 лица

– Најмалку пет лица загинаа денес во напад со нож во трговски центар во Сиднеј, Австралија, соопшти полицијата и службите за итни случаи.

Наводниот сторител, кој „бил во контакт со околу девет лица“ бил застрелан од полицијата.

Портпаролот на службите за итни случаи на Нов Јужен Велс, чиј главен град е Сиднеј, рече дека осум лица, меѓу кои и едно деветмесечно бебе, се избодени со нож и пренесени во болници во Сиднеј.

Бебето е однесено во Детската болница во Сиднеј во Рендвик, додека другите жртви се пренесени во различни блиски болници, објави Австралиската радиодифузна корпорација, цитирајќи го портпаролот.

Состојбата на повредените не е позната, кои се примени за лекување на нанесените повреди.

Полицијата соопшти дека службите за итни случаи биле повикани во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн во источниот дел на Сиднеј, главниот град на државата Нов Јужен Велс, нешто пред 16 часот (по локално време) по јавувањата дека се избодени повеќе луѓе, објави Австралиската радиодифузна корпорација.

„Се случи критичен инцидент по пукањето на маж во Бонди Џанкшн“, се вели во соопштението на полицијата.

На снимките емитувани на австралиските медиуми се гледаат голем број возила за итни случаи и персонал.

Вооружена полиција можеше да се види како врши претрес на покривот каде што се наоѓа паркингот.

Австралискиот премиер Ентони Албанесе нападот со нож погубен.

Албанесе рече дека бил информиран од австралиската федерална полиција по нападот од маж кај Бонди Џанкшн во фреквентно саботно попладне.