– Најмалку 20 луѓе го загубија својот живот во поплавите предизвикани од бурата „Даниел“ од централниот Медитеран на источниот дел на Либија.
Покраинскиот здравствен центар Ал-Бајда соопшти дека 12 лица ги загубиле животите во поплавите во градовите Бејда и Шаххат.
Во соопштението на Брзата помош на социјалните мрежи се наведува дека во градот Суза загинале седум лица, меѓу кои три жени.
Велид ал-Урфи, портпарол на државната Служба за кризи и вонредни состојби, изјави за Анадолу дека едно лице, кое било заробено во неговото возило за време на поплавата во градот Марџу, починало.
Телевизијата „Февруар“ со седиште во Триполи јави дека во поплавите исчезнале 50 лица.