Во новата левичарска влада на Шпанија, жените ќе раководат со 12 од вкупно 22 министерства.
„Новата влада ќе има изразена феминистичка нота, со четири вицепремиерки и повеќе министерки отколку министри“, рече Санчез.
Шпанскиот парламент минатата недела го реизбра социјалистот Педро Санчез за премиер, откако го обезбеди неопходното мнозинство за да остане на чело на владата со склучување на критикуваниот договор за амнестија на каталонските сепаратисти.
Во новиот состав ќе има девет нови министри, а останатите ќе останат исти, меѓу кои и министрите за надворешни работи, одбрана и финансии.
Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) на Санчез ќе има 17 министри, а нејзиниот левичарски коалициски партнер Сумар ќе има пет ресори.