Во пожар кој избувнал денеска околу пладне во куќа во селото Рогле, Општина Желино, животот го загуби 78 годишник. Пожарот избувнал околу 11 часот и 45 минути, по што е пријавен во тетовската пожарна и полиција.
– Веднаш тргнавме со три противпожарни возила и осум пожарникари. По пристигнувањето на местото на настанот, жителите ни рекоа дека внатре во куќата има постар човек и веднаш почнавме со гаснење на пожарот и влеговме во куќата каде за жал од чадот тој почина, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.
СВР Тетово соопшти дека станува збор за 78 годишник со иницијали М.Р
– На местото на пожарот увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се работи на расчистување на случајот, информираа од СВР Тетово.
Со интервенција на тетовските пожарникари пожарот целосно бил изгаснат