Во пожар што избувна околу пладне целосно изгоре куќата на семејството Војови од Кочани. Според првичните сознанија нема повредeни или настрaдани лица, но направена е голема материјална штета.
Во пожар што избувна околу пладне целосно изгоре куќата на семејството Војови од Кочани. Според првичните сознанија нема повредeни или настрaдани лица, но направена е голема материјална штета.
Во гаснењето интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кочани, која со три екипи и возила успеала за неполн час да го локализира огнот и да спречи негово проширување на соседните објекти.
-Во моментот на избувнување на пожарот, во една од собите биле мојата снаа со внучето, но за среќа успеале навреме да се извлечат. Јас бев на работното место, а соседите ми јавија дека куќата гори. Глетката беше ужасна, пламенот брзо се проширил и објектот е целосно оштетен. Изгорена е кровната конструкција, по што огнот ја зафатил и внатрешноста, заедно со мебелот и другата покуќнина. Среќа во целата несреќа е што никој не е повреден, а додека да ја санираме штетата привремено ќе се сместиме кај соседите, истакна Климент Војов, сопственик на куќата.
Семејството Војови упати апел до своите сограѓани да им донираат мебел, облека, покуќнина и друга помош за да го обноват скромниот дом.
Увид на местото на настанот направи екипа од Одделението за внатрешни работи, а според првичните сознанија можна причина за пожарот е дефект во електричната инсталација.