ВО ПОЛСКА ОТКРИЕНО СТРАШНО ЗЛОСТОРСТВО – Во подрум пронајдени тела на три бебиња, мајката осомничена за убиство и инцест, а уапсен е и дедото !?
Полицијата пронашла тела на три новороденчиња во подрум на семејна куќа во селото Черники во Полска.
Државниот обвинител во саботата потврди дека е уапсена жена (20 г.) која е осомничена за масакарот, но и за инцест. Германските медиуми јавуваат дека истрагата се води и против нејзиниот татко (54 г.).
Во петокот вечерта, полицијата пронашла мртво новороденче во село југозападно од Гдањск. По дополнително претрес на куќата, полициските службеници пронашле уште едно тело на бебе во поодмината фаза на распаѓање.
Полицијата на крајот го пронашла и третото мртво бебе, по што проговорил државниот обвинител.
Заднината на злосторството се уште е нејасна.