Во прекин сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево кај Бигла поради сообраќајка

Поради сообраќајка на две возила, од 19 часот е во прекин сообраќајот на магистралата А3 Делчево – Македонска Каменица пред селото Бигла. 

Според информации на полицијата, која во моментов врши увид на местото на настанот, едно лице е повредено и со возило на Итната медицинска помош е пренесено во болница.

Сообраќајната несреќа се случила околу 18:30 часот. По завршување на увидот се очекуваат  повеќе информации.